248
Во просек на секои 10 минути е убиено по едно дете, а две деца се повредени, во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас, соопшти денеска канцеларијата на ОН во Женева, повикувајќи се на податоците на Палестинската агенција за бегалци (УНРВА).
„Децата не смеат да бидат цел“, се истакнува во објавата на ОН на „Х“.
ОН вчера објавија дека речиси 4.000 деца загинале во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври и предупредија дека ситуацијата за децата во областа е катастрофална.