Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин денеска ќе се обиде да ги убеди американските сојузници дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Украина во војната против Русија.
Поради тешкотиите на американскиот претседател Џозеф Бајден да го убеди Конгресот да одвои дополнителни пари за вооружување на Украина, Остин ќе се обиде да ги убеди сојузниците дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат војната против Русија во воената воздухопловна база Рајмштајн на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, пренесува Ројтерс.
Сојузниците на САД од околу 50 земји кои обезбедуваат воена поддршка на Украина се, како што изјави високиот официјален претставник на американската одбрана, „многу свесни за ситуацијата со финансирањето и Украинците се уште посвесни за недостигот што е предизвикан по наша вина“.
Рејчел Ризо, виш соработник во Европскиот центар на Атлантскиот совет, истакна дека на американските власти им е сè потешко да ја посетат Европа со ветување за долгорочна поддршка за Украина, бидејќи тоа „се противречи на она што се случува на Капитол Хил. ”
Американските власти предупредуваат дека недостатокот на поддршка за Украина, поради фокусирањето на администрацијата на Бајден на војната во Газа, ќе резултира со нејзина неспособност да се брани од Русија.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски најави дека Русија планира нова офанзива кон крајот на пролетта или почетокот на летото.