Јавното обвинителство ќе истражува евентуална одговорност поради смртта на 31-годишната родилка од Куманово.
Таа ноќва починала на Одделението за гинекологија при Општа болница Куманово, а бебето е живо и пренесено на скопските клиники.
– Родилката е примена завчера, со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е чекано да се добијат спонатни контракции по природен пат да продолжи породувањето. Чекано е до вчера, и вчера е почнато со стимулација, кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиено срцева акција и притисок крвен, веднаш е внесено во сала за операции да се извади плодот, изјави Стефан Трајановски, директор на кумановската болница, а пренесе Кумановски муабети.
Бебето, како што изјавил Трајановски, е извадено живо и е итно однесено на Ургентен центар на Детската клиника во Скопје.
При породувањето имало присутни двајца дежурни лекари и анестезиолошка екипа.