573
Во Специјалното јавно обвинителство денеска на распит дојде Владимир Здравев, поранешен претседавач на Советот на Општина Центар и истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ.
Здравев претседаваше со Советот во периодот од 2009 до 2013 година, кога беа донесени сите измени на урабанистичкиот план со цел да се спроведе проектот „Скопје 2014“.
Според тврдењата на сегашниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, Здравев имал и активната улога во реализацијата на проектот и дури осум пати патувал во Италија за потребите на „Скопје 2014“.