На Рашковски по празниците ќе му се суди за набавката на софтверот

by fokus

Поранешниот генерален секретар Драги Рашковски наскоро ќе седне на обвинителна клупа, бидејќи Кривичниот суд во целост го одобри обвинението поднесено против него и уште шест лица.

-Овинителниот акт против седум лица поврзан со нелегална набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година, од страна на Советот за оценка на обвинител акт е оценет и одобрен во целост.

Имено, обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за Злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, кој по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд – Скопје, по враќање на предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост, појаснуваат од судот.

Оттаму додаваат дека предметот ќе биде распределен кај судија и ќе биде закажана главна расправа.

Поврзани новости