На Рашковски му е одреден затворски притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци, сокривање траги

by fokus

На поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски за кого се води истрага за набавка на софтвер, му е определен затворски притвор поради опасност од бегстви, и опасност од влијание врз сведоци или уништување на траги.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифатил жалбата на Обвинителството и го преиначи решението на судија на претходна постапка и му одреди 30-дневен притвор заради постоење на основите од член 165ст.1 т.1 и 2.

Според членот 165 точка 2 став 1 и 2 од Законот за кривична постапка, Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело, доколку притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, против тоа лице може да се определи притвор, ако:

1) се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство;

2) постои основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите;

Рашковски оди во истражниот затвор во Шутка, од куќен притвор. Притвор му е одреден и на Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп“ којашто го доби тендерот за софтверот за сообраќајни прекршоци.

Обвинителството го товари Рашковски дека додека бил генерален секретар на Владата набавил софтвер за сообраќајни прекршоци. Според Обвинителството тој ја договорил набавката доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости