На ракетата која ја погоди станицата стои натпис „За деца“

by fokus

На една од фотографиите кои настанаа по ракетниот напад на железничката станица во Краматорск се гледа дел од ракетата со којашто беа гаѓани цивили. На фотографијата јасно се гледа натпис „За деца“ на едната страна од ракетата.

При ракетниот напад загинаа најмалку 50 луѓе, меѓу кои пет деца, изјави гувернерот на Доњецката област, Павло Кириленко.

– Педесет загинати, од кои пет деца. Ова е бројката на загинати досега откако руските окупаторски сили ја нападнаа железничката станица Краматорск, напиша Кириленко на Телеграм.

Претходно беше објавено дека се загинати 39 лица, а најмалку 100 се повредени. Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде многу поголем.

Градоначалникопт на градот истакна дека во моментот на гранатирањето на железничката станица присутни биле околу 4.000 луѓе, од кои повеќето жени, деца и повозрасни лица.

Поврзани новости