На раб на тепачка седницата во Општина Босилово поради рудниците

by fokus

Ескалира ситуацијата помеѓу активистите и локалната власт во струмичко. За малку избегнат инцидент во струмичката Општина Босилово. Нетрпеливоста помеѓу активистите против рудници и дел од советниците во општинскиот Совет ќе преминеше во тепачка на последната седница, пренесува телевизија Телма.

Педесетина активисти дојдоа на седницата да слушнат дали по седум неуспешни обиди ќе се стави на дневен ред точката со која општината би се обврзала дека на нејзината територија нема да дозволи отворање на капацитети од тешка и загадувачка индустрија, но, наместо разбирање, почнаа дофрлања по што се направи пауза, а потоа седницата се одложи.

Апсурдно во целата ситуација е што дел до советниците и градоначалникот беа на последниот протест против рудници во саботата, а по четири дена ја одложија седницата за да не се дискутира за точка која би можела да се користи против отворање на рдуникот кај Иловица.

Градоначалникот Манчев вели дека е против рудник, но, се сомнева во законитоста на таква одлука. За разлика од нив, неделава во соседната општина Ново Село, советот едногласно ги донесе поднесените точки. Првата е против отворање на спорниот рудник кај Иловица и Штука, а втората е локален пропис кој ја обврзува општината во иднина да се изјаснува негативно за отворање рудници или капацитети од тешка и загадувачка индустрија на територија на општината. Предлогот го поднесе советникот и активист Костадин Ристоманов кој ги повика политичарите да се обeдинат околу ова прашање.

Поврзани новости