На првата следна собраниска седница ќе се расправа за интерпелацијата за јавниот обвинител Љубомир Јовески

by Fokus

На првата нова пленарна седница во Собранието ќе се расправа за интерпелацијата за јавниот обвинител Љубомир Јовески, поднесена од пратениците на опозициските Беса, Демократско движење и Алтернатива.

Од Кабинетот на Талат Џафери информираа дека одговорот на Јовески пристигнал до Законодавниот дом во рокот даден во Деловникот – вчера попладне по пошта, така што тој денеска се дистрибуира до пратениците, а интерпелацијата ќе се најде на дневен ред на првата наредна нова седница.

– Одговорот од страна на јавниот обвинител е доставен на време. И во моментот службата работи на тоа, и за кратко време ќе го добијат сите пратеници. Според наведените членови од Деловникот, интерпелацијата ќе биде на првата наредна ова седница. Претседателот на Собранието ги почитива сите рокови и постапува по Деловникот – информираат од Кабинетот на Џафери.

Јавниот обвинител ја примил интерпелацијата на 18 септември.

Поврзани новости