Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов заедно со син му Иван Иванов присуствуваа на протестот којшто се одржа вечерва пред Влада против францускиот предлог.
Пред неколку дена тој повика да се отфрли овој предлог за, како што вели разнебитување на Македонија.
Ѓорге Иванов, поранешниот претседател на Македонија повика да се отфрли францускиот предлог. Тој смета дека тоа се подли игри за разнебитување на Македонија.
-Со вакво „решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас. Да живее Република Македонија!, смета Иванов.
Токму Иванов беше повод за големите протести на „Шарената револуција“ пред смената на власта, откако аболицираше повеќе од 50 функционери.