Во протестите во Франција се уапсени 2.400 луѓе, кои избувнаа минатата недела поради убиството на малолетник од полицаец во предградие на Париз. Францускиот претседател Емануел Макрон замина порано од самитот на лидерите на ЕУ поради случувањата во Франција, а ја откажа и вчерашната посета на Германија.
Вчерашните форографии направени во Марсеј покажуваат релативно мирна ситуација, објави „Скај њуз“. Но, во овој француски град сепак се забележани силни полициски сили, а се проверуваа и личните работи на луѓето.
Макрон вчера се состана со највисоките министри и безбедносни функционери во центарот за итни кризи на Министерството за внатрешни работи за да разговараат за ситуацијата низ Франција, објави Би-Би-Си.
Меѓу присутните беа и премиерката на Франција Елизабет Борн, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин и министерот за правда Ерик Дипон-Морети.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е уверен дека неговиот француски колега Емануел Макрон ќе најде начин да стави крај на немирите.
„Не очекувам дека Франција ќе стане нестабилна, дури и ако сликите се, се разбира, многу вознемирувачки. Ја разбирам одлуката на францускиот претседател сега да биде во земјата. И јас би го направил истото. И затоа му посакуваме се најдобро да го надмине тоа што не е мал предизвик “, изјави Шолц за телевизијата АРД.