504
Вкупно десет лица се приведени денеска поради фрлање тврди предмети кон полицискиот кордон пред Собранието за протестите против предлог-преговарачката рамка.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, за фрлање на тврди предмети кон објектот на Собранието приведени се и М.М. (34) од село Глуво, Д.П. (45) од Скопје, Н.А. (63) и С.М. (65), а О.Ч. (38) од Ресен поради обид за кражба со цел демонтирање на заштитната ограда пред зградата на Собранието, по член 236 од Кривичниот законик.
Претходно, од МВР информираа дека биле проведени уште 5 други лица, против кои по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.