На протести без маски и фантомки

by Фокус

На протестите кои се одржуваат секој ден во 18 часот е забрането да се носат маски, фантомки, марами, како и камења, шишиња и други предмети.

Учесниците повикуваат сите што излегуваат на протести да се придржуваат на овие правила, во спротивно ќе се смета дека се против протестите и ќе бидат спречувани од мнозинството во нивните намери да предизвикуваат инциденти.

Овој апел се упатува откако неколкумина на сите протести, посебно пред Владата се појавија маскирани, почнаа да фрлаат со предмети кон полицијата со што предизвикаа инцидент.

Ваквиот апел се упатува и поради можноста вакви луѓе да се уфрлаат со цел да се добие поинаква слика за мирните протести и како оправдување да се употреби сила од страна на полицијата.

 

Поврзани новости