560
Граѓани од Дебар Маало се подготвуваат утре попладне да излезат на протест по несреќата каде што жена почина откако беше прегазена од комбе кое вршело дотур на стока. Граѓаните од оваа населба бараат ослободени тротоари за пешаците да можат непречно да се движат и да се реши проблемот со паркирањето.
„Окупираните тротоари, неконтролираното градење, нерешениот паркинг простор и лошиот режим за дотур на роба, го направија маалото небезбедно за живеење. Дојди на мирен протест, за безбедни улици и тротоари за пешаци, во Дебар Маало, за твоето маало, за целиот град!“, повикуваат од иницијативата „Во одбрана на Дебар маало“.
Протестот ќе се одржи утре во 18 часот, пред Министерство за култура, а под паролата „Вратете ни ги тротоарите“.