717
Кулата „Генекс“, односно Западната порта на Белград, е понудена на продажба по почетна цена од две милијарди динари, соопшти денеска стечајниот управник на „Генералекспорт“.
Кулата се состои од 14.943 метри квадратни во 28 посебни делови од зградата, деловен простор во непријавена сопственост од 1.450 м2 и деловни и гаражни простори како посебен дел од објектот на површина од 6.445 метри квадратни.
Јавниот тендер за западната порта Генекс во Белград е закажан за 23 мај, пренесе Танјуг.
„Генералекспорт“ е во стечај од 2015 година, а во 2017 година е донесена одлука за банкрот.
Како холдинг компанија со статус на општествено претпријатие се занимавала со меѓународна и домашна трговија, хотелиерство, угостителство и воздушен транспорт.