На прилепчанец му се слошило додека возел – возилото излетало од патот

by Fokus

На прилепчанец му се слошило додека возел и со возилото излетал од патот. Несреќата се случила вчера попладне на регионалниот пат Битола-Прилеп кај местото Џаферица, а била пријавена во 18.30 часот во СВР Битола.

-На И.С.(67) од Прилеп, додека управувал патничко моторно возило марка „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, му се слошило и возилото излетало од патот, соопшти МВР.

Возачот починал на лице место, смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош, а во консултација со јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Поврзани новости