773
Откако Шарена револуција пред две години го изрази својот револт во Скопје преку фарбање на објекти, а на мета се најде и портата „Македонија“, денеска повторно истата беше обоена.
„Бојкот“ беше испишаниот графит на портата, најверојатно од непозната жена која во моментот на фотографирање во рацете држи спреј.
Утрово во една градинка осамнаа графити „Бојкотирам“ и „Северна никогаш, Македонија секогаш“.
Фото – Твитер