На Попова Шапка 90 сантиметри снег, во Маврово 21, Крушево 11

by Fokus

На Попова Шапка има снежна покривка од 90 сантиметри, во Маврово 21, а 11 во Крушево, соопшти УХМР.

Најмногу дожд, пак, во изминатотото деноноќие наврна во Демир Капија 54 литри на квадратен метар, во Куманово 43, Тетово 37, Битола 31, Скопје 24 литри.

Најниска температура од -2 степени изутринава е измерена на Попова Шапка, -1 Маврови Анови, во Скопје 7, а најтопло е во Гевгелија и Демир Капија со 8 степени.

Времето денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе престанат, а во западните делови ќе има делумно намалување на облачноста. Ќе дува слаб ветер, претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.

Во Скопје облачно, во утринските часови со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

 

Поврзани новости