496
Зоолошката градина во Скопје денес остана без лавицата, која по долгата борба со тумор на кожата беше еутаназирана.
Оттаму со соопштение до јавноста ја потврдија веста, додавајќи дека знамињата во зоолошката нејзина чест ќе бидат спуштени на пола копје.
-Со тешко срце и насолзени очи се простивме од нашата лавица која долго време беше член на ЗОО семејството. Малигниот тумор кој започна да се развива на лицето, метастазираше низ целото тело. Уште во септември минатата година добивме препорака за еутаназија од ЕАЗА(Европска асоција на зоолошки и аквариуми), но решивме да не се откажеме од борбата. Иако во соработка со Ветеринарниот институт направивме неколку операции за отстранување на туморот, секој пат се враќаше се поинванзивен. Дијагнозата беше Fibrosarcoma- малиген тумор на кожа и поткожје со голем број на митотични и апоптични клетки, некрози и местимични крварења. Лекувањето за жал беше неуспешно, а лавицата која храбро се бореше со најлошата болест на денешницата беше еутаназирана. Секој од нас има изгубено блиска личност од ова зло, а ние ја изгубивме 20 годишната мила жителка на Зоо Скопје. Тагата е преголема. Почивај во мир убавице и трчај слободно горе на небото. Во твоја чест, денес знамињата пред Зоолошка ќе бидат спуштени на пола копје – информираат од ЗОО Скопје.
Вики Клинчарова