На полноќ завршува пријавувањето за гласање на болни и немоќни

by Fokus

Вечер на полноќ завршува рокот за пријавување до општинските изборни комисии за гласање на болните и немоќните на Локалните избори на 17 октомври, додека рокот за лицата со Ковид -19 или во самоизолација е до 11 октомври на полноќ. Овие лица, како и затворениците, лицата во притвор, во стaрските домови и внатрешно-раселените лица гласаат ден претходно, во сабота на 16 октомври, а за нив за утврдување на идентитетот и проверката дали веќе гласале нема да се врши со уреди за биометриска идентификација, туку за нив ќе користи спреј и УВ ламба.

За пријавувањето на болните, немоќните и лицата со Ковид-19 или во самоизолација, ДИК изготви посебни упатства со услови што треба да ги исполнат овие лица ако сакаат да гласаат дома.

Поврзани новости