На починатата кумановка правилно и биле земени брисеви, Филипче вели дека случајот е исклучок

by fokus

Сите тестови за Ковид 19 се унифицирани, имаат исклучително висока сензитивност, но за жал ниту еден тест не е 100 проценти точен. Тестовите што се користат кај нас се германски и има протокол кој мора да го задоволи тестот за да се користи во лабораториите за вакви цели, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција во Владата.

Како што дополни, за жал, починатата пациентка од Куманово, спаѓа во тој исклучително мал процент на случаи во кои тестот не го детектира вирусот. Правевме проверка и во однос на правилното земање на брисот со оглед на тоа што кај секој тест се прави контрола дали содржи ДНК на пациентката и тоа е потврдено, што значи дека за жал спаѓа во тој многу мал процент на тестови за таа сенизитивност што за жал не е 100 проценти и не го дава точниот резултат, наведе Филипче.

- Advertisements -

Комисијата за заразни болести, информираше, секојдневно дискутира за масовен скрининг.

-Ние практично спроведуваме една форма на масовен скрининг. Кога зборуваме за масовен скрининг, за пристап кон пациентите, за начинот на тестирање, во овие тестови кои се со исклучително висока сензитивност од над 99 проценти, кои што зборуваме и ги имаме, тоа се тестови на кои се детектира присуство на вирусот, се индицира тогаш кога има епидемиолошки податок заради тоа што сметаме, како и многу други земји, дека доколку се индицира и таму каде има постор за грешка, практично ќе добиеме лажни негативни резултати, што пак целосно ќе ја искриви сликата, рече Филипче.

Поврзани новости