Кај Портата на главниот плоштад во центарот на Скопје, вечер од 18:00 до 21:00 часот, граѓаните ќе имаат можност да проследат презентација на возила, вооружување и опрема која се употребува на воената вежба „Одлучен удар 19″.
На презентација ќе присуствува министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вршителката на должност, амбасадор на САД, Микаела Швајцер-Блум, командантот на здружено оперативната команда генерал-мајор Павле Арсовски, претставници од градот Скопје, Министерството за одбрана, Армијата и Амбасадата на САД.
Присутните ќе имаат можност преку директна комуникација со учесниците на вежбата поблиску да се запознаат со борбените возила, вооружување и опремата, кои се употребуваат на оваа досега најголема воена вежба организирана кај нас.
„Одлучен удар” е досега е најголема вежба реализирана во Република Северна Македонија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на шест држави.