На пладне во „Лонг плеј кафе“ и во „Дневен престој“ ќе се собираат пари за казната на Милорад Георгиевски

by Фокус

Не стивнуваат негативните реакции откако инспекцијата го казни скопјанецот Милорад Георгиевски со 150 евра, откако бил фатен како продава 15 коприви и 20 марули.

По експресна реакција на социјалните мрежи денеска од 12 часот во „Лонг плеј кафе“ во ТЦ Бисер и во „Дневен престој“ на Боемска улица ќе се собираат пари за да се плати казната за  Георгиевски.

Иницијативата е објавена на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.

Сторијата за Милорад синоќа ја објави ТВ Телма, по што имаше многу реакции и повици за помош.

 

Поврзани новости