На Петковиќ повторно му е забранет влез во Косово

by fokus

Властите во Приштина повторно му го одбиле барањето на директорот на Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Петар Петковиќ за посета на Северна Митровица, јавија косовските медиуми повикувајќи се на Радио-телевизија на Србија (РТС).

Според државната српска телевизија, Петковиќ денеска, по повод верскиот празник Крстовден, требало да присуствува на свеченоста на отворањето на плоштадот во Митровица што ќе го носи името на браќата Милиќ, близнаци кои страдале како припадници на српските сили во војната во Косово во 1999 година.

Петковиќ најавил и дека ќе го посети во градската болница младиот Србин Немања Митровиќ, за кого медиумите на српски јазик информираа дека бил нападнат и ранет со нож од косовски Албанци.

Ова е деветти пат по ред, од почетокот на минатата година, како на шефот на српската Канцеларија за Косово властите во Приштина му го одбиваат барањето за влез во Косово.

Поврзани новости