На пациентка на Онкологија и кажеле дека нема лекови

by Fokus

Елизабета Ристовска, една од онколошките пациентки кои добија и увид во предистрагата, сведочи дека после час и половина чекање на скопската Клиника за онкологија денеска и било кажано дека терапијата се потрошила.

„Ние како држава или онкологија мора да знае колку пациенти во понеделеник треба да примат одерен тип на терапија и да биде снабдена, не може ние да чекаме и да биде по пронципот прв дојден – прв услужен како на шанк, а другите ќе чекаат“, вели Ристовска.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити признава дека има недостиг, но тврди дека станува збор за новодијагностицирани пациенти за кои кога се правеле набавките не можело да се предвиди колку количини треба да се набават.

– Пациентите што веќе примаат терапија и се дијагностицирани имаат континуитет во лекувањето со биолошката терапија, но ќе провериме“, вели Меџити.

Поврзани новости