На пат кон Инфективната клиника почина заразен од Ковид-19, регистрирани 22 оздравени пациенти

by fokus

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 22 пациенти кои оздравеле од Ковид-19, но има и еден смртен случај, информираат од Министерството за здравство.

-Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 22 оздравени пациенти во: Скопје-2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани-2, велат од министерството.

Починатиот, пак, од 4 мај бил на лекување во болницата во Велес.

-На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје, велат од министерството.

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.

Поврзани новости