На остров убиени 13 украински војници кои одбиле да се предадат

by fokus

Украински војници на мал остров во Црното Море не потклекнале кога руската војска им се закануваала со бомбардирање од руски воен брод додека го освојувале малиот остров Змији до Крим.

Според аудиото, додека Русите се приближувале до островот рускиот офицер вели: „Ова е воен воен брод. Ова е руски воен воен брод. Ви предлагам да го оставите оружјето и да се предадете за да избегнете крвопролевање и непотребни жртви.Во спротивно ќе бидете бомбардирани“.

На тоа еден украински војникму одговара: „Руски воен брод, е*и се“.

Тоа беа последните познати зборови слушнати од островот. Сите 13 украински бранители беа убиени во руско бомбардирање , изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Сите граничари загинаа херојски, но не се откажаа. Постхумно ќе им биде доделена титулата Херој на Украина“, рече Зеленски.

Поврзани новости