На обележан пешачки премин, со багер удрил во жена, која веднаш починала

by Fokus

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 42-годишник од Скопје вчера на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, управувал мобилна машина „лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. На обележан пешачки премин, со машината удрил во телото на една жена – пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Непосредно по настанот, јавен обвинител извршил увид на лице место и издал повеќе наредби со цел да се испитаат сите околности и да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

По еден дел од наредбите сѐ уште се постапува.

Поврзани новости