На новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот има 14 години, додека 13-годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет.
-На Универзитетската клиника за токсикологија новогодишната ноќ помина прилично мирно. Прегледани се вкупно 21 пациент од кои 18 како акутни труења со алкохол. Од тие 18 четири се женски, а 14 машки. Кај женските најмладата пациентна е 17, а најстарата 26, а кај машките најмладиот е 14, а кајстариот 38 гдини. Вообичаено како секоја година имаме помалку пациенти од минатата година – изјави Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија во Скопје.
Акутното труење е индивидуално и, како што појасни Чибишев, може да се случи и со две чаши алкохол.
-Труењата со алкохол до 25 години се животозагрозувачи состојби и треба многу да се внимава, тоа е едниот проблем, а другиот е што има пациенти што тоа го зачинуват со медикаменти што е уште поопасна состојба која може да предизвика сериозни нарушувања на здравјето. За среќа, ниту еден пациент не задржан после примената терапија и сите се пуштени на домашно лекување со совет како да се однесуваат во наредните денови – изјави Чибишев.