Се уште е неизвесно дали снимките обезбедени преку посебни истражни мерки за случајот „Поткуп“, а кои беа објавени на „Јутјуб“, ќе се користат во судскиот случај како доказ против премиерот Зоран Заев, бидејќи денешната јавна седница во Апелација, на која требаше да се одлучи, се одложи.
Причината за одложувањето на седницата е тоа што судијата кој е известител за случајот е избран за судија во Врховен, а нов известител не е назначен. Седницата е одложена на неопредрелено време.
Инаку, адвокатите на Заев побараа од Основниот суд Скопје 1 оваа снимка да се издвои од доказите, бидејќи беше објавена на неколку медиуми, а се работи за тајна снимка. Судот го одби нивното барање по што поднесоа жалба до Апелцискиот суд.
Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од околу 160.000 евра за градежно земјиште во Струмица.