На напаѓачите на Села ќе им се суди на 26 јануари

by fokus

Напаѓaчите на пратеникот Зијадин Села кои се обвинети за обид за убиство ќе седнат на обвинителна клупа на 26 јануари, а судењето ќе го води судијката Славица Андреевска.

Зијадин Села беше претепан во Собранието, на 27 април, кога толпа демонстранти влегоа во законодавниот дом.

За обид за убиство најпрво беа осомничени Кире Ѓоргиевски и неговиот татко, но потоа обвинителството и полицијата со помош на граѓаните кои идентификуваа дел од напаѓачите го прошири обвинението и против други лица, Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра.

 

Поврзани новости