За пет месеци застарува кривичното дело за кое се гони поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за случајот „Титаник 2“, кој беше отворен од СЈО.
За овој случај Мијалков веќе еднаш беше осуден на тригодишна затворска казна, но првостепената пресуда беше укината од Апелација, по што судењето се врати од почеток.
Во моментов, судењето е во фаза на доказна постапка, но Мијалков на судењата може да оди сосема релаксиран.
Кривичното дело за кое се гони „Примање награда за противзаконито влијание“ му застарува за пет месеци, или во април 2023 година. Тој се гони за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година.
Во овој рок би можело да се стигне да се донесе првостепена пресуда, но невозможна мисија е таа да стане правосилна. Во таков случај судењето за екс директорот едноставно ќе запре поради констатирана застареност.
Другите обвинети во случајот, пратеникот Мендух Тачи, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, и уште тројца поранешни членови на ДИК немаат можност да се спасат со застарување. Тие се гонат за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
В.В.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК