На местото на Бонева во Анкетната комисија доаѓа Иван Иванов

by Фокус

Пратеникот Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ е предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата да стане член на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, откако веќе е извесно дека пратеничката Силвана Бонева, како што се очекува попладнево, Собранието ќе ја избере за член на Државната изборна комисија, пишува Плусинфо.

На пратеничкото место на Бонева, според информациите од Државната изборна комисија, треба да дојде Мирјана Кузмановска од Изборната единица 4.

Поврзани новости