469
Пратеникот Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ е предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата да стане член на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, откако веќе е извесно дека пратеничката Силвана Бонева, како што се очекува попладнево, Собранието ќе ја избере за член на Државната изборна комисија, пишува Плусинфо.
На пратеничкото место на Бонева, според информациите од Државната изборна комисија, треба да дојде Мирјана Кузмановска од Изборната единица 4.