Откако ќе биде констатирана оставката на независниот пратеник избран од пратеничка листа на СДСМ, Павле Богоевски, кој се повлекува од парламентот по објавувањето на снимката каде набавува недозволена супстанца, се отвора место нов пратеник да стане Александар Филиповски.
Инаку, Богоевски беше на петтото место на пратеничката листа на СДСМ на парламентарните избори на крајот на 2016 година во првата скопска изборна единица, која ја предводеше новоизбраниот претседател на државата Стево Пендаровски, по кого следуваа Реаната Дескоска, Дамјан Манчевски, Стефан Богоев итн.
Со оглед дека сите кандидати од оваа листа се или пратеници или веќе вршат функции во извршната и локалната власт, нов пратеник во рамки на парламентарното мнозинство треба да стане Филиповски, кој го заземаше 17-тото место во листата.