На местото кај дивоградбата кај „Мавровка“ се отвори Клиника за пресадување на коса

by fokus

Објектот кој беше изграден на просторот кај поранешната дивоградба пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје стана клиника за пресадување на коса.

Клиниката за трансплантација на коса „ВатанМед“ со потекло од Турција денеска го објави во медиумите почетокот на своето работење во овој објект.

Минатата година, инвеститорот Мевљудин Алити, чија дивоградба се уриваше со полициска придружба, призна вина и доби условна казна од две години, како и паушал за судски трошоци во висина од 3.000 денари (50 евра).

Дивоградбата се рушеше непосредно по формирањето на новата влада во 2020 година со огромно медиумско внимание со што сакаше да се покаже „функционирањето на правната држава“.

Поврзани новости