„Во земјава на месечно ниво има по 800 регистрирани случаи на Ковид – 19, а зголемена е и бројката на лица што се тестираат“.
Ова денеска во одговор на новинарско прашање го изјави Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.
Според него, не се работи за сериозни бројки што би можеле да бидат причина за загрозување на здравствениот капацитет.
Засега е доволна препораката за носење заштитни маски во здравствените установи, порача Мехмедовиќ кој присуствуваше на редовниот брифинг на Министерството за здравство за новинари на тема „Редовна вакцинација на децата – факти и дезинформации“.
Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство препорача задолжително да се користат маски само во здравствените установи како превенција од ширење на Ковид-19, но не се однесува и во аптеките или домовите за стари лица.