На малолетник во Велес му паднала метална статива на раката и му ги згмечила прстите

by fokus

Малолетник од Велес е тешко повреден откако врз него паднала метална статива на ракометното игралиште во велешкиот Градски парк.

Од велешката полиција информираат дека кај нив вчера во 16:25 часот било пријавено дека во итната медицинска помош во Велес со тешки телесни повреди бил донесен 12-годишниот  Л.Н., на кого на едната рака му паднала стативата и му ги згмечила прстите.

Од Брза помош детето веднаш било препратено во велешката Општа болница. Како што информира за МИА, д-р Тодор Јаковлевски портпарол на ЗЈУ Општа Болница Велес, од рентген снимката е увидено дека детето се здобило со тешки повреди – згмечени прсти и фрактура на коските на шаката.
Поради тежината на повредата момчето од велешката Општа болница со возило за итна помош било префрлено на понатамошно лекување на Клиниката за пластична хирургија во Скопје.

Поврзани новости