60
Кумановскиот суд за 2 април годинава го закажал почетокот на судењето на Максим Димитриевски, откако е поднесено обвинение против него за злоупотреба на службената положба.
Првото рочиште на овој судски процес е закажано на само два дена пред почетокот на изборната кампања.
Димитриевски, кој е кандидат за претедател на државата, е обвинет по кривична пријава поднесена од двајца кумановски бизнисмени, бидејќи во законскиот рок не го потпишал барањето за комуналии за изградба на згради во центарот на Куманово.
Двете фирми пријавиле дека на тој начин тој им предизвикал штета од околу 55.000 евра.
Димитриевски, пак, ги обвини двете фирми за блиски врски со СДСМ, а прогонот го протолкува како политички реваншизам.