Република Србија верува во заедничка европска иднина на целиот регион и даваме целосна поддршка на Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Сметаме дека Европската Унија мораше од поодамна на даде можност на Северна Македонија за нејзиниот напредок кон Европската Унија. Тоа јавно сакаме да го кажеме и веруваме во заедничката европска судбина и приказна за целиот регион, рече српскиот премиер Вучевиќ на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Мицкоски денеска во Скопје.
Тој нагласи дека и овој регион на Западен Балкан заслужува шанса и поддршка на целата Европска Унија.
„Верувам тоа време кое е пред нас ќе се отвори за нас. За нас е многу значајно прашање, за Србија е многу значајно прашање да ја слушнеме стратешката одлука на Скопје на Северна Македонија дали Коридорот 10 пред сѐ зборуваме за железничкиот сообраќај определувањето на Скопје, Владата на Северна Македонија да го види Коридорот 10 како стратешки правец за железничка инфраструктура, за транспорт железнички. Тоа е единствена прилика заедно со европските партнери зборуваме и за Австрија, за Унгарија, за Грција, да се поврземе меѓу Виена- Будимпешта, Белград-Скопје, Софија- Атина. Тоа е сето тоа што во моментов може само да се сонува, а мислам дека ќе ја поврземе Средна Европа со Медитеранот, со Егејското море односно со грчките пристаништа, а Грција ќе ја доближиме преку нашите држави до Централната Европа. И тоа што некогаш горделиво се искажуваше во последно време е ставено настрана, природен пат Азија и Европа преку Вардарска долина, патот преку Србија и Северна Македонија мислам дека српската и македонската страна не треба да го доживуваат тоа да биде предност за нас и заеднички да ги развиваме овие патишта. Верувам дека интересот и на Северна Македонија и на Србија е да се споиме и железнички преку брза пруга помеѓу нашите две држави Скопје-Белград ќе бидат многу поблиску, но и Атина и Будимпешта и Виена ќе бидат многу блиски. Преку нашите држави луѓето многу полесно ќе патуваат, каргото ќе биде подобро, повеќе ќе се врши трговија и мислам дека луѓето ќе живеат подобро, а тоа е интерес на сите држави“ изјави српскиот премиер.
Тој додаде дека доколку се договорат крајот до 2024 година да имаме заедничка седница на владите и да се врати ритамот на билатералните односи во една нормална процедура.
„Мислам дека тоа е природно и нормално двата соседа, комшиски држави да соработуваат. Ги молам Владата на Северна Македонија и стопанството да учествуваат во 2027 на ЕКСПО, во Белград, значајно е за Северна Македонија за вашето стопанство, за целиот регион, македонските компании да бидат присутни во Белград на ЕКСПО, 2027 година“ рече Вучевиќ.
Тој официјално го повика македонскиот премиер Мицкоски да дојде во официјална посета на Белград.