На магистралниот пат Велес-Штип во возило „БМВх5“ со косовски национални ознаки вчера се пронајдени седум лица-мигранти од Пакистан, соопшти денеска МВР.
Оттаму посочуваат дека во СВР Велес биле приведени Д.П.(45) и Е.Б.(30), двајцата од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
– Вчера во 16:47 часот во СВР Велес било пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, кај клучка „Штипска петља“, од патничко возило „мерцедес“, со косовски национални ознаки излегле лица – мигранти, по што возилото се упатило кон влезот на Велес, а по него се движело патничко возило „БМВ х5“, со косовски национални ознаки. По преземени мерки кај крстосницата „Башино село“, полициски службеници го сопреле возилото „БМВ х5“, управувано од Д.П., во кое биле пронајдени седум лица-мигранти од Пакистан. Исто така, било пронајдено и возилото „Мерцедес“, кое било управувано од E.Б. од Косово. За настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија насока косовските државјани биле задржани во СВР Велес, возилата биле одземени, а мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци, се наведува во соопштението од Министерството.