На Латас ќе му застари прогонот за пет години даночно затајување, со штимање на Кривичниот Законик

by fokus

Драган Павловиќ Латас може да се спаси од кривичен прогон за случајот „Тотал“, бидејќи со измени на Крвичниот Законик се создаде можност неговото дело да застари, посочија граѓанските организации од проектот „За правда“, на денешниот брифинг за новинарите.

Поточно за делото, поврзано со даночно затајување, за кое се гони Латас досега беше предвидена минимална казна од 4 години затвор, но со неодамнешните измени на законот, се додаде нов член, кој за делото за кое се гони Латас, предвидува помала казна од 6 месеци до 3 години затвор. На овој начин, доколку Латас се гони по новиот член, ќе му застари кривичниот прогон за периодот од 2008 до 2012 година, а ќе се гони само за период од 2013 до 2015 година.

За додавањето на овој член, 279а воопшто не било дадено објаснување, односно зошто се вметнува, што според Хелсиншкиот комитет и Коалицијата Сите за правично судење е невообичаена пракса.

Латас е осомничен за даночно затајување како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје и се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

В.В.

 

Поврзани новости