534
Кривичниот суд го одобри обвинението за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тревник“, во кој првообвинет е Драган Павловиќ – Латас за бесправна градба на три куќи во Зелениково.
– Судија за оценка на обвинителен акт, кој постапува по оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела
поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), КООА 50/17 од Обвинителството означен како „Тревник“ донесе решение со кое ги одби приговорите и го одобри обвинителниот акт во целост, соопшти Кривичниот суд.
Со обвинението за „Тревник“ СЈО товари три лица за незаконско градење на три луксузни викенд куќи во Зелениково.