Дел од градовите во Македонија ќе бидат украсени, дел ќе бидат поекономични и украсувањето ќе биде симболично, со цел да се заштедат пари од општинскиот буџет.
Крушево оваа година ќе биде скромно украсен, без поголеми финансиски трошења за оваа намена.
„Ќе се обидеме да украсиме со постоечките ресурси и без големи дополнителни финансиски импликации да создадеме една атмосфера, една позитивна енергија. Ќе ги искористиме веќе набавените материјали кои ги користиме од минатите години и ќе направиме мало дополнување со цел и пристојно украсување и економично. Вкупната сума која ќе се потроши за украсување ќе биде помала од 1000 евра“, соопштија од локалната самоуправа во Крушево.
Во однос на организиран дочек, од градот соопштија дека оваа година организацијата ќе ја препуштат на рестораните, кафулињата, хотелите, пицериите.
„Тоа е со цел да им се излезе дополнително во пресрет заради загубите и намалениот обем на работа“, додаваат од Општина Крушево.
Јорданчо Цветаноски