619
Не му претстои лесен период на Ковачевски. Треба сериозно да се пристапи кон работа.
Едно е граѓаните како ќе го прифатат новиот мандатар, и второ, како ќе се справи со надворешните проблеми, пред се со Бугарија. Ова го истакна политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во Студио 10 на ТВ 24.
„Ковачевски ќе има потреба некои политики да ги продолжи, но и да остави свој белег. Треба да се воспостават нови контакти и да се зајакнат постоечките. Допрва треба да видиме како Ковачевски ќе пристапи на „Едно општество за сите““ вели Муслиу.