На Косово уапсени 13 Срби, припадници на косовската полиција

by fokus

До 8:30 часот утрово косовските специјални сили „Росу“ уапсиле 13 Срби, припадници на косовската полиција на север во Косово, јави Танјуг повикувајќи се на извори.

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ утрово изјави за РТС, дека косовски специјалци напаѓаат Срби на влез во Зубин Поток во обид да влезат во тоа населено место. Тој додаде дека косовските специјалци со оружје упаднале утрово во сите четири општини на север во Косово. Според него, апсењата се извршени „поради некаква вмешаност на тие лица во организиран криминал“.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, пак, нареди ставање на сите единици на Армијата на Србија во состојба на целосна борбена готовност.

Претходно, и Министерството за внатрешни работи на Србија ги стави во состојба на целосна подготвеност специјалните и посебните едници на полицијата.

Поврзани новости