318
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељал Свечља денеска изјави дека досега 578 косовски Срби, припадници на косовската полиција, поднеле оставки.
На заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Аљбин Курти тој рече дека тие оставки се резултат на уцени.
„Официјално се поднесени 578 оставки, од кои 461 се од полицијата за јавен ред, 107 од граничната полиција и десет од одделот истрага. Тие оставки се поради уцена, загрозени им се животите на самите полицајци доколку не поднесат оставка“, рече Свечља.