На конзорциумот „Бехтел и Енка“ досега му се исплатени околу 167 милиони евра за коридорите 8 и 10-д

by Fokus

На американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ државава досега му исплатила околу 167 милиони евра како дел од предвидените средства за изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, истакна  директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми, велејќи дека исплатата на средствата е согласно договорот за реализација на делниците што е потпишан со конзорциумот и со финансиската програма одобрена од Владата.

„Досега се исплатени околу 167 милиони евра за мобилизација и авансно плаќање за Коридорот 8 и Коридорот 10-д“, изјави Рустеми.

Првиот човек на ЈПДП додаде дека во моментов се вршат геомеханичките испитувања на делниците Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Кичево, а во фаза на подготовка се и елаборатите за експропријација.

Поврзани новости