Нови, досега необјавени песни од Тоше Проески содржи албумот „Secret Place“ кој ќе биде промоворан на големиот концерт во негова чест в петок во ВИП Арена „Борис Трајковски“.
Тоше е автор на дел од песните, а неколку ги создал заедно со англискиот композитор и продуцент Енди Рајт, во чие студио е работен албумот и кој ќе престојува во Скопје.
На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видеозаписа со Тоше. Утре ќе биде пуштен спотот за песната „We are blood“, која ја пее внукот на Тоше, Кристијан Ристески, и е дел од новиот албум. Песната од денеска се емитува на радиостаниците.
Организатор на концертот е Фондацијата „Тоше Проески“ од каде што соопштија дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на Тоше. Средствата се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје.
Почетокот на концертот е во 20 часот. Влезниците се по цена од 250 и 350 денари и може да се купат во Југотон, Розе Веро 2 и Носталгија рекордс.