На концертот на Бреговиќ во Скопје дозволено е снимање само на првите три песни!

by Fokus

Популарниот музичар Горан Бреговиќ (74) заедно со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“ ќе одржи концерт во Скопје, утре на 23-ти март во спортскиот центар „Јане Сандански“.
Настанот е јубилеј, славење на 50-годишнината од основањето на најуспешната екс Ју рок група `,,Бјело дугме”, а концертот е само еден ден по роденденот на музичарот.

Најавен како голем спектакл, за кој влезниците се продаваат по цени од 1.200 до 1.500 денари, се очекува концертот да привлече голем број на љубители на музиката на Бреговиќ.

Сепак, од страна на организацијата, излегоа со напомена до новинарите и снимателите кои ќе бидат присутни на настанот, дека снимање е дозволено само на првите три нумери.

Концетите без фотографирање и снимање стануваат се почеста пракса во светот, посебно кај мега популарните музичари.

Иако се работи за јавен настан, сепак повеќето музичари на чии концерти е забрането фотографирање и снимање, тврдат дека освен што на тој начин се одвлекува вниманието на изведувачот, а и на оние во публика, мора да се мисли и на приватниот аспект на музичарите, кои не секогаш сакаат да се снима секој нивни чекор на сцената.

Вики Клинчарова

Поврзани новости